Достапни линкови

Ранет пратеник во бомбашки напад во Киев


бомбашки напад во главниот украински град Киев, 25.10.2017.

Во бомбашки напад вчера во главниот украински град Киев било убиено едно лице, додека четворица други биле ранети, меѓу нив и пратеникот Ихор Мосијчук од опозициската националистичка Радикална партија, соопшти украинското министерство за внатрешни работи. До експлозијата дошло кога Мосијчук и неколкумина други ја напуштале зградата на една локалната телевизиска станица во дистриктот Соломјански. „Станува збор за терористички чин“, се наведува во соопштението на Министерството. Според некои изјави, експлозијата била предизвикана од мотоцикл паркиран во близина на телевизиската станица. Радикалната партија овој напад го оцени како атентат врз нивниот член Мосијчук.

XS
SM
MD
LG