Достапни линкови

Изјавата на Собчак за Крим предизвика контроверзи во Русија


Архива - Ксенија Собчак е телевизиска личност и опозициски активист.

Кремљ ја критикуваше можната кандидатка за претседател Ксенија Собчак поради тоа што рекла дека Полуостровот Крим легално е дел од Украина, додека националистичкиот пратеник Владимир Жириновски изјави дека треба да биде затворена за изјавата.

Собчак, која е телевизиска личност и опозициски активист, предизвика контроверзи со изјавата на прес-конференцијата на 24 октомври, прв пат откако објави дека ќе учествува во трката за претседател во март 2018 година.

Таа рече дека според меѓународното право Крим „и припаѓа на Украина и дека Русија со окупирањето и заземањето на Полуострвот во 2014 година го прекршила заложувањето од 1994 година за заштита на суверенитетот на Украина.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, денеска рече дека коментарите на Собчак се погрешни „во суштина и во форма.“ Тој изјави дека „Крим е неотуѓив дел од Руската Федерација“, иако тврдењата на Москва за регионот имаат мала поддршка ширум светот и се поддржани од мал број земји.

XS
SM
MD
LG