Достапни линкови

Хојт Брајан Ји: Американските интереси на Балканот не се променети


Заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји.

Јавноста има погрешна слика околу тоа кој колку инвестира во Србија, за тоа дел од вината сносат американските дипломати чија одговорност е да и објаснат на јавноста во Србија што прават и зошто тоа го прават, изјави американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји за приватната српска новинска агенција „ФоНет“, пренесува МИА.

Хојт Ји посочи дека минатата година инвестициите од Русија изнесувале околу 80 милиони долари, а од Европската Унија 1,5 милијарди долари, велејќи дека многу Срби имаат впечаток дека Русија обезбедува најмногу инвестиции и помош, што не е точно.

Тој исто така изјави дека САД со дипломатија, со програмите за помош и јавните пораки до Србија и другите земји во регионот, нагласуваат дека стабилноста, безбедноста и напредокот се важни, но демократијата и основните слободи бараат почитување на човековите права и владеењето на правото. Тој истакна дека со промените во Белата куќа не значи дека се менуваат и приоритетите на САД во Србија и на Балканот, бидејќи американските интереси на Балканот не се променети.

XS
SM
MD
LG