Достапни линкови

Германија протера 14 Авганистанци


Авионот на чешката авиокомпанија полетува од Лајпциг за Кабул. 24.10.2017

Германија протера 14 баратели на азил од Авганистан, сите мажи, во услови на протести од страна на лути демонстранти кои велат дека земјата која е во војна е небезбедна за оние кои се враќаат во неа. Овластениот чешки авион во кои беа Авганистанците, на 24 октомври полета од Лајпциг и денеска пристигна во Кабул.

Околу 150 демонстранти се собраа на аеродромот да протестираат против протерувањето. Единаесет од протераните имаа криминални досиееја за дела за убиство, предизвикување тешки телесни повреди, сексуално злоупотребување на деца, измама и кражба, изјави денеска портпаролката на Министерството за внатрешни работи Анегрет Кроф. Таа додаде дека останатите тројца одбивале да соработуваат околу воспоставувањето на нивниот идентитет.

XS
SM
MD
LG