Достапни линкови

Пуштени од затвор лидерите на Кримските Татари


Илми Умеров

Лидерите на Кримските Татари, Ахтем Чијгоз и Илми Умеров, кои неодамна беа осудени на затворски казни од страна на руските судови на Крим, денеска биле пуштени од затвор и се упатиле кон Турција, информираат украински претставници.

Чијгоз на 11 септември беше осуден на осум години затвор за организирање нелегални протести, а Амнести интернејшнал го оцени судењето како „шарлатанско“.

Умеров, пак, на 27 септември беше осуден за сепаратизам на две години принудна работа и живот во затворска колонија.

Организациите за човекови права и западните влади ги осудија процесите против нив, оценувајќи дека се дел од притисокот од Русија по нелегалната анексија на Крим од Украина во 2014 година.

XS
SM
MD
LG