Достапни линкови

Иванов до Туск - Потребна е позитивна порака за деблокада на евроинтеграциите


Средба на претседателот Ѓорге Иванов со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во Брисел

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Брисел се сретна со првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, на која побара нов импулс и испраќање позитивна порака за деблокада на интеграцијата на Македонија во Европската унија и почеток на пристапните преговори за членство.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во неговата изјава по средбата, претседателот Иванов рече дека во фокусот на средбата со Туск била европската иднина на Македонија, но и состојбата во регионот и во ЕУ, како и прашањето со мигрантската криза што го тресе континентот.

Во текот на утрешниот ден, а во рамки на неговата дводневна посета на Белгија, Иванов ќе учествува на форумот Кран Монтата во Брисел на кој ќе има и свое обраќање, а предвидено е и попладневна средба со Дидие Рејндерс, вицепремиер и министер за надворешни работи и европски прашања на Белгија.

XS
SM
MD
LG