Достапни линкови

Деветмина загинати авганистански војници во судир со талибанците


Архивска фотографија: Уништен безбедносен пункт во Авганистан

Деветмина авганистански војници загинаа, а четворица се ранети кога милитанти нападнаа безбедносен пункт во провинцијата Фарах во западен Авганистан, информираат официјални претставници. Нападот почнал синоќа, по што следела тричасовна престрелка во која загинале и 17 талибанци.

Владата во Кабул се обидува да го поради бунтовниците откако најголемиот дел од војниците на НАТО се повлекоа од Авганистан во 2014 година.

XS
SM
MD
LG