Достапни линкови

Тилерсон во посета на Њу Делхи


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и индиската министерка за надворешни работи Сушма Свараџ

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се среќава со индиските лидери во Њу Делхи, во обид двете земји да ги продлабочат односите наспроти растечката моќ на Кина.

Тилерсон денеска се сретна со индискиот премиер Нарендра Моди, со министерката за надворешни работи Сушма Свараџ и со други претставници, откако претходно го посети Пакистан.

Тилерсон минатата недела во Вашингтон рече дека сака „драматично да ја продлабочи“ соработката со Индија.

Претходно во Пакистан, Тилерсон ја повтори пораката на претседателот Доналд Трамп дека Исламабад мора да ги зголеми напорите за искоренување на милитантите и терористите во земјата, информира американската амбасада во Пакистан.

Посетата доаѓа откако претседателот Трамп ја претстави новата стратегија за Јужна Азија во август, кога го обвини Исламабад дека е „засолниште“ на луѓето кои би можеле да ги нападнат силите на САД и на НАТО во соседен Авганистан.

Пред Пакистан, Тилерсон ненајавено го посети Авганистан за да ја нагласи поддршката за владата во Кабул во борбата против бунтовниците.

XS
SM
MD
LG