Достапни линкови

Судење на активисти за човекови права обвинети за тероризам во Турција


Протест пред судот во Истанбул каде што треба да им се суди на активистите за човекови права, обвинети за тероризам

Денеска во Истанбул треба да започне судењето на 11 активисти за човекови права, обвинети за тероризам. Тие се соочуваат со затворски казни до 15 години. Активистите, меѓу кои и двајца високо позиционирани активисти на Амнести интернејшнал, како и еден германски државјанин и еден Швеѓанец, се соочуваат со обвиненија за обид за создавање „хаос во општеството“ и учество во помош на „вооружена терористичка организација“.

Берлин го опиша случајот како „целосно неразбирлив“ и „апсурден“.

Амнести интернејшнал соопшти дека активистите се притворени „без причина, освен нивното верување во човекови права“ и мобилизираше познати личности да бараат нивно ослободување.

Случајот ги зголемува стравувањата дека Турција сè подлабоко навлегува во авторитаризам по минатогодишниот неуспешен обид за воен удар.

XS
SM
MD
LG