Достапни линкови

Цветанов - Одлуката за прием на Бугарија и Романија во Шенген е политичка


Цветан Цветанов, претседател на Комисијата за внатрешни работи во бугарскиот Парламент и поранешен министер за внатрешни работи

Приемот на Бугарија и Романија во Шенген зоната повеќе не зависи од некакви критериуми или експертизи, туку тоа сега е чисто политичка одлука, изјави претседателот на Комисијата за внатрешни работи во бугарскиот Парламент, Цветан Цветанов.

Според него, Бугарија и Романија ги исполниле сите критериуми и барања што им беа поставени како услов за членство во Шенген зоната, но и покрај тие сè уште не се примени во заедничкиот европски простор.

Цветанов, во обраќање на конференција посветена на бегалската криза и миграциските процеси, рече дека одлуката на Брисел сè уште да не дозволи членство на двете земји во Шенген зоната е неправедна.

Европскиот парламент уште во јуни 2011 усвои Резолуција со која се повикува на прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната. По ова, Советот на ЕУ констатира дека двете земји ги исполниле сите услови за членство во Шенген зоната, но не донесе политичка одлука за нивен прием, бидејќи за тоа е потребна едногласна поддршка од сите земји-членки на Унијата.

XS
SM
MD
LG