Достапни линкови

Ирачките Курди предлагаат замрзнување на резултатот од референдумот


илустрација

Властите на ирачките Курди денеска му предложија на Багдад да ги замрзнат резултатите од референдумот за независност на тој регион во Ирак одржан пред еден месец, а кој предизвика криза во таа земја, бидејќи Багдад побара поништување на референдумот. „Замрзнувањето на резултатот од референдумот е со цел започнување отворен дијалог со централните власти во согласност со Уставот“, се наведува во соопштението на раководството на ирачките курди. Во меѓувреме, Обединетите нации соопштија дека се подготвени да посредуваат во овие разговори.

XS
SM
MD
LG