Достапни линкови

Бугарски пилоти одбиваат да летаат на руските МиГ 29


руските авиони од типот МиГ 29

Некои пилоти на бугарските воздухопловни сили одбиле да летаат на руските авиони од типот МиГ 29, наведувајќи дека тие биле застарени и не гарантирале безбедност. „Некои пилоти во воздухопловната база Граф Игнатиево нема да изведуваат тренинг летови поради небезбедноста на леталата“, изјави бугарскиот замени министер за одбрана Атанас Запријанов. Министерот за одбрана Красимир Каракачанов пак ги обвини пилотите за покренување политички мотивирана кампања, наведувајќи дека Бугарија наскоро ќе ја обнови флотата со 20 руски бомбардире од типот Су 25. Бугарија влезе во НАТО во 2004 година, но поголемиот дел од нејзината воена опрема е се уште од руско производство.

XS
SM
MD
LG