Достапни линкови

Шефот на косовската дипломатија Пацоли во Скопје


Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли денеска во Скопје ќе оствари средба со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, а ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери како и од премиерот Зоран Заев. Се очекува на средбите, како што соопштуваат од МНР, да бидат разменети мислења за прашања од заеднички интерес, со акцент врз интензивирање на севкупната билатерална политичка и економска соработка. Посетата, според соопштението, ќе биде искористена и за размена на мислења околу актуелните меѓународни прашања, како и за соработката во рамките на мултилатералните и регионалните организации.

XS
SM
MD
LG