Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ се жали на изборни нерегуларности, МВР негира


Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска изјави дека на Македонија и натаму се случуваат избори во коишто се загрозени основните демократски процеси и со коишто директно се врши влијание на изборната волја на гласачите.

„Ова се избори каде што сеуште со сеење и со закани се атакува на ограничувањето на основното право на граѓанинот, а тоа е правото на слободен избор. Притоа не е страшно што ова се случува скоро во сите општини каде што ќе има втор круг на гласање, туку поопасно е што нема ниту заштита од државните институции, а многу државни институции се дел од овој процес на вршење притисок врз граѓаните“, рече тој.

Тој ги повика институциите да ги спречат таквите појави. Милошоски порача и дека има молк и игнорирање од страна на набљудувачките мисии ОБСЕ и ОДИХР. Тој ги повика ОБСЕ и ОДИХР поактивно да вложат напори и да бидат вистински набљудувачи и да ги осудат сите вакви појави на закани, изборна корупција и на изборен инженеринг.

Од МВР соопштија дека се апсурдни и неточни неоснованите наводи изнесени од Милошоски за, како што наведуваат, некакви и со ништо неаргументирани притисоци и закани врз гласачите.


XS
SM
MD
LG