Достапни линкови

Италијанскиот премиер подготвен за преговори со Ломбардија и Венето


Италијанскиот премиер Паоло Џентилони

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони денеска изјави дека владата е подготвена да почне преговори со претставниците на Ломбардија и Венето, откако граѓаните на овие два најбогати региони во земјата на референдум гласаа за поширока автономија. „Можно е и веројатно е“ дека одредени служби би работеле подобро ако покраините Ломбардија и Венето би добиле пошироки овластувања, рече Џентилони во првиот коментар по референдумите во овие две покраини одржани во неделата.

Тој изјави и дека владата е спремна на преговори, но оти сè уште не донесена одлука за конкретни прашања и за условите за преговори. Регионалните лидери бараат поширока автономија за прашања како образованието, имиграцијата, безбедноста или животната средина, но и да задржат поголем дел од приходите од даноци.

XS
SM
MD
LG