Достапни линкови

Нема да има прегласување во Сарај


Гласање на првиот круг од локалните избори на 15 октомври, 2017

Државната изборна комисија (ДИК) како што соопшти на денешната седница претседателот на Комисијата, Александар Чичаковски официјално ги очекува одлуките на Управниот суд за тужбите против приговорите од партиите за првиот круг од локалните избори, по што повторно ќе одржи седница на која ќе бидат соопштени конечните резултати за општините за кои имаше приговори од партиите.

Управниот суд на веб-страната веќе ги објави одлуките. Судот прифати една од тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за Сарај, но таму сепак нема да се прегласува. Во одлуката објавена на веб-страницата, Управниот суд наведува дека ДИК погрешно утврдила дека приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се однесува на гласањето за градоначалник на Скопје, а всушност се работело за Совет на Град Скопје, но оти ДИК правилно одлучила дека не е прекршен Изборниот законик.

Во одлуката на судечкиот совет на Управниот суд пишува дека „резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на членови на Советот на Град Скопје, за гласачкото место 2461 - општина Сарај, се потврдуваат“.

XS
SM
MD
LG