Достапни линкови

Шефот на косовската дипломатија утре во посета на Македонија


Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли

Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли утре ќе ја посети Македонија. Тој најпрвин ќе оствари средба со неговиот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, а ќе биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери како и од премиерот, Зоран Заев.

Се очекува на средбите, како што соопштуваат од МНР, да бидат разменети мислења за прашања од заеднички интерес, со акцент на интензивирање на севкупната билатерална политичка и економска соработка, особено инфраструктурната и енергетска соработка. Посетата, според соопштението, ќе биде искористена и за размена на мислења околу актуелните меѓународни прашања, како и за соработката во рамките на мултилатералните и регионалните организации.


XS
SM
MD
LG