Достапни линкови

Курц сака коалиција со десничарската Слободарска партија


Лидерот на ОВП, Себастијан Курц

Лидерот на Австриската народна партија(ОВП), Себастијан Курц, денеска изјави дека ќе се обиде да формира коалиција со десничарската Слободарска партија, откако неговата партија доби најголема поддршка на изборите. Претседателот Александар ван дер Белен му го даде на Курц мандатот за формирање влада.

ОВП и Слободарската партија во кампањата се залагаа за поголема контрола на имиграцијата, побрза депортација за барателите на азил чии барања се одбиени, како и за сузбивање на радикалниот ислам. Досегашниот министер за надворешни работи, 31-годишниот Курц може да стане најмладиот шеф на влада во Европа. Тој рече дека ќе се обиде да формира влада до Божиќ и оти новата администрација мора да има „јасен проевропски правец“.

XS
SM
MD
LG