Достапни линкови

Претседателот Иванов од утре во посета на Брисел


Архивска фотографија: Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и македонскиот претседателот Ѓорге Иванов на средба во Скопје

Претседателот Ѓорге Иванов од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел.

Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, утре ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Шефот на македонската држава в четврток ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот Кран Монтана. Предвидено е Иванов да се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот, како и на пленарната сесија посветена на соседската политика на Европската унија, со посебен фокус на „Иницијативата три мориња“.

За време на работната посета на Брисел, претседателот Иванов ќе оствари средба со заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Реиндерс.

XS
SM
MD
LG