Достапни линкови

Грција со најголема трговска флота во светот


Архивска фотографија: Грчки танкер во Либија

Грција во моментов поседува трговска флота, танкери и други товарни бродови во вредност од 35,3 милијарди долари и по овој показател земјата и годинава е на прво место во светот.

Оваа информација ја објави весникот „Катимерини“ повикувајќи се на специјализираната лондонска компанија „Весл Велју“ (VesselsValue), според која грчката трговска флота најбрзо се развива.

Податоците на компанијата покажуваат дека еден од секои четири танкери во светот е грчки, и тоа, според „Весл Вејлу“ ја одредува водечката улога на Грција во пренос на товар по море.

Според истите податоци, Грција поседува 1.513 танкери, од кои 1.389 са на вода, а 124 се во процес на изградба.

Грчката флота годинава се збогатила со 70 нови и 62 веќе користени танкери. Се очекува до крајот на 2017 година земјата да добие уште 10 танкери.

XS
SM
MD
LG