Достапни линкови

Пенс со критики за Иран и Хезболах


Американскиот потпретседател Мајк Пенс

Американскиот потпретседател Мајк Пенс повторно ги критикуваше Иран и шиитската милитантна организација Хезболах. Во говорот по повод 34-годишнината од бомбардирањето на база на американската морнаричка пешадија во главниот град на Либан, Бејрут, што го одржа вчера во Вашингтон, Пенс рече тој напад го означил почетокот на Војната против тероризмот. Во нападот, за кој САД ги обвинуваат Хезболах и нивните ирански поддржувачи, загинаа 214 американски и 58 француски војници.

Пенс рече дека администрацијата на претседателот Трамп ја зголемува посветеноста за „онеспособување на терористичката мрежа Хезболах и изведување на нејзините лидери пред лицето на правдата“. САД го обвинуваат Иран дека е спонзор на Хезболах и оти го поддржува тероризмот.

САД нудат милионски награди за информации што ќе доведат до пронаоѓање на лидерите на Хезболах.

XS
SM
MD
LG