Достапни линкови

Грујевски и Бошкоски денеска пред Судот во Солун


Во Судот во Солун денеска треба да се одржи судењето на поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, по кои македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, јавија грчките медиуми. Тие минатиот петок беа изведени пред Судот во Солун поради поседување лажни патни исправи, но судењето беше одложено за денеска поради немање преведувач од грчки на македонски јазик. Грујевски и Бошкоски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Двајцата беа уаспени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

XS
SM
MD
LG