Достапни линкови

И градоначалникот на Бурса поднесе оставка


градоначалникот на Анкара Мелих Ѓокчек

По оставката на градоначалникот на Истанбул, и градоначалникот на Бурса, Реџеп Алтепе ја објави својата оставка. Доскорешниот градоначалник Алтепе истакна дека нема да биде во конфликт со неговата партија и лидерот, нема да прави никакви конфликти или пак да нанесе штета. Тој додаде дека Општина Бурса и понатаму останува да им служи на граѓаните и верува дека ќе биде преземена од вистински човек кој ќе раководи со општината. Со реформите што ги прави владејачката партија Партијата на правдата и развојот (АКП) пред претседателските избори во 2019 година, оставки најавија и градоначалникот на главниот град Анкара, Мелих Ѓокчек, како и градоначалникот на Баликесир, Ахмет Едип Угур.

XS
SM
MD
LG