Достапни линкови

Во Косово избрани 19 од вкупно 38 градоначалници


Локални избори на Косово, 22.10.2017.

На седмите по ред локални избор, што завчера се одржаа на Косово, по пребројувањето на сите гласачки кутии, прозлегува дека од вкупно 38 општини, во првиот круг градоначалници се избрани во половина од нив. Најголем успех на изборите забележала партијата на Иса Мустафа Демократски сојуз на Косово. Таа во првиот круг освои четири градоначалнички места и тоа во Пеќ, во Липљан, во Витина и во Косово Поле, додека во вториот круг свои кандидати ќе има во 10 општини. Демократскатата партија на Кадри Весели го доби само градоначалничкото место во Дренаси, додека во втор круг свои кандидати ќе има во десет општини. Партијата на актуелниот премиер Рамуш Харадинај Алијанса за иднината на Косово, ги освои општините Дренаси и Јуник, додека во вториот круг за градоначалник ќе се тркаат шестмина нејзини кандидати. Катастрофални резултати забележа Движењето Самоопределување на Висар Имери, кое не освоило ни едно градоначалничко место, а во втор круг свои кандидати има во шест општини.

XS
SM
MD
LG