Достапни линкови

Времето денеска: претежно облачно


Во Македонија ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови. Ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од седум до 14 степени. Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд, кој повремено ќе биде пообилен. Ќе дува и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 11 степени.

XS
SM
MD
LG