Достапни линкови

Бебето Џихад чека судска одлука за своето име


Судот во францускиот град Тулуз треба да одлучи дали на едно дете, родено во август, родителите може да му го дадат името Џихад, велат извори во француското правосудство.

Иако џихад на арапски значи „борба“ или „залагање“, локалните власти во Тулуз се обратиле до обвинителството да проверат дали детето може да добие такво име. Властите посочуваат дека зборот денеска е во контекст врзан за екстремистичките напади и џихадизмот. Во обвинителството велат дека одлуката не е донесена и дека „процедурата е во тек“.

Една мајка во Франција во 2013 година беше осудена на условна затворска казна и парична казна од 2.000 евра поради тоа што во градинка го донела тригодишното дете, кое исто така се викало Џихад, со маица на која пишувало „јас сум бомбата Џихад, роден на 11 септември“. Во пресудата се наведува дека натписот на маицата бил „провокативен“.

Од 1992 година во Франција матичарите може да им забранат на родителите да пријават дете под некое име. Градските власти имаат можност за забрана на некое име да се обратат до обвинителството, но таквите постапки се ретки.

XS
SM
MD
LG