Достапни линкови

Истрага против градоначалникот на Одеса за проневера на пари


Истражители на Украинското Национално биро за борба против корупцијата вршат претрес кај градоначалникот на Одеса.

Украински антикорупциски инспектори извршиле рација во домот и во канцеларијата на градоначалникот на Одеса, како дел од истрага за проневера на пари. Украинското Национално биро за борба против корупцијата, соопшти дека извршиле претрес во домот и во канцеларијата на градоначалникот на Одеса, Хенадиј Труханов, а имало претреси и кај неговите соработници.

Локалните властите во Одеса се осомничени за проневера на средства од договори доделени за поправка на автопат и одобрување на заеми со цел да помогнат во реновирање на локалниот аеродром, но тие пари исчезнале.

Градоначалникот во изјава за РСЕ вели дека бил извршен претрес во неговата канцеларија, но не и во неговиот дом.

XS
SM
MD
LG