Достапни линкови

Груевски повика на единство во партијата


Архивска фотографија - Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повика на збивање на редовите, на обединување, на единство во партијата, на денешното одбележување во Штип на Денот на револуционерната борба.

Според него, ако го нема ВМРО ќе ја нема и Македонија, а како што рече, во ова време духот на Македонецот е уништен. Обвини дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се прислушувани и дека за нив се водат досиеа.

„Тие нема да застанат тука, ќе има пеколни удари, ќе има жртви и саможртви, ама ќе издржиме. Ќе издржиме и ќе победиме. Влогот е голем, тој влог не е влог на денешницата, тој влог е склесан во минатото од нашите предци и ќе биде развиван од нашите деца и внуци“, рече Груевски.

И на одбележувањето на овој ден, тој во својот говор, ја обвини актуелната власт дека без да се консултира со јавноста потпишала договор со соседна земја и дека власта сака, како што вели, користејќи ја историјата да го менува името, јазикот и идентитетот.

Груевски вели дека иднината ја гледа кон ЕУ и во добрососедските односи, без притоа, како што забележај, да се дозволи историјата да се менува.

Груевски се осврна и на настанатите од 27 април во македонското Собрание. Според него оние коишто учествувале во настаните колку и да погрешиле биле испровоцирани од кршењето на Уставот.

XS
SM
MD
LG