Достапни линкови

Тилерсон во ненајавена посета на Авганистан


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на средба со авганистанскиот претседател Ашраф Гани

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пристигна во ненајавена посета на Авганистан. Владата во Кабул, поддржана од Западот, продолжува да се бори против бунтовниците, иако дел од силите на НАТО ја напуштија земјата во 2014 година. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп неодамна објави стратегија за Авганистан за победа над милитантите. Според планот на Трамп, САД ќе испратат три илјади нови војници во Авганистан, покрај постојните 11 илјади, за обука и советување на авганистанските безбедносни сили.

Тилерсон се наоѓа на шестдневна азиска турнеја во рамките на која престојуваше во Катар и Саудиска Арабија, а ќе престојува и во Пакистан и Индија.

XS
SM
MD
LG