Достапни линкови

Заев очекува Грујевски и Бошкоски да бидат екстрадирани во Македонија


Потерница од МВР за Никола Бошкоски и Горан Грујевски

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не очекува поради политички причини да биде попречена екстрадицијата на Горан Грујевски и Никола Бошкоски од Грција во Македонија.

Одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Драчево, Заев рече дека Македонија има воспоставена соработка со Грција и очекува да биде спроведено меѓународното право, а поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Грујевски и неговиот колега Бошкоски, кои се обвинети од СЈО да бидат екстрадирани.

„Не очекувам да се јави политичка причина за да се спроведе меѓународното право. Македонија има склучено вакви договори со Грција. И во минатото, со претходната власт, Македонија немаше проблем во сите други аспекти, освен проблемот со името. Навистина имаме соработка со Грција од секој можен аспект“, изјави Заев.

XS
SM
MD
LG