Достапни линкови

Напаѓач избодел новинарка во руското радио Ехо Москви


Апсење на напаѓачот во радиото Ехо Москви

Еден напаѓач упаднал во просториите на водечкото московско радио Ехо Москви и ја избодел заменик уредничката и водителка Татјана Фелгенгауер. Главниот уредник на радиото Алексеј Венедиктов денеска изјави дека напаѓачот ја прободел неговата заменичка со нож во грлото.

Напаѓачот бил уапсен од обезбедувањето на радиото, а новинарката е пренесена во болница.

Радиото Ехо Москви, кое е во сопственост на државниот енергетски гигант Газпром, е еден од неколкуте независни медиуми во Русија.

XS
SM
MD
LG