Достапни линкови

Убедлива победа на владејачката коалиција на изборите во Јапонија


Јапонскиот премиер Шинзо Абе

Владејачката коалиција на јапонскиот премиер Шинзо Абе освои убедлива победа на вчерашните предвремени парламентарни избори, покажуваат првичните резултати. Локалните медиуми денеска објавија дека владејачката коалиција освоила 312 пратенички места во 465-члениот долен дом на парламентот, со што има двотретинско мнозинство.

Конечните резултати се очекуваат во текот на денов.

Коалицијата на Абе веќе има двотретинско мнозинство во горниот дом на парламентот.

XS
SM
MD
LG