Достапни линкови

Два италијански региона гласаа за поголема автономија


Венеција е главен град на италијанскиот регион Венето

Богатите региони на северот на Италија, Ломбардија и Венето гласаа за поголема автономија од централните власти, покажуваат прелиминарните резултати. На вчерашните необврзувачки референдуми се гласаше за зголемување на финансиските побарувачки од владата во Рим и за поширока контрола околу миграцијата, безбедноста, образованието и животната околина. Во двата региона владее сецесионистичката партија Северна лига. Претседателот на Венето Роберто Марони изјави дека референдумите значат дека двата региона можат да се обединат во вековната борба за независност.

XS
SM
MD
LG