Достапни линкови

Тилерсон: иранските сили да го напуштат Ирак


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се наоѓа на азиска турнеја, 21.10.2017.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека борците поддржани од Иран кои помогнаа да се победат милитантите на Исламската држава да си заминат дома и да им овозможат на ирачаните да ја вратат контролата. Тилерсон ова го изјави на заедничката прес конференција со шефот на саудиската дипломатија Адел ал Џубеир. Тилерсон се наоѓа на азиска турнеја во рамките на која престојуваше во Катар и Саудиска Арабија, а ќе престојува и во Пакистан и Индија.

XS
SM
MD
LG