Достапни линкови

Пахор и Шарец во вториот круг на претседателските избори во Словенија


Словенечкиот претседател Борут Пахор

Словенечкиот претседател Борут Пахор убедливо победи на вчерашните претседателски избори Словенија, но не освои доволен број гласови за победа во првиот круг, соопшти словенечката Централна изборна комисија, по преброени 99,9 проценти од гласовите. Според овие резултати, Пахор освоил 47,07 насто од гласовите и во вториот круг по две недели ќе се соочи со независниот градоначалник на Камник, Марјан Шарец, кој денеска доби 24,96 проценти од гласовите. Одзивот на вчерашните претседателски избори во Словенија бил 43,57 отсто.

XS
SM
MD
LG