Достапни линкови

Првични неофицијални резултати од локалните избори на Косово


локални избори на Косово

Косовската невладина организација „Демократија на дело“ соопшти синоќа дека според првичните резултати, победник на локалните избори бил Демократскиот сојуз на Косово со 210 илјади гласови. На второ место е Демократската партија на Косово со 140 илјади, додека на трето е движењето Самоопределување со 130 илјади гласови. Партијата на премиерот Рамуш Харадинај доби 100 илјади гласови. Најголем удар доби Самоопредулавање кое на парламентарните избори победи. На локалните избори се гласаше за градоначалници и советници во 38 општини. Одѕивот бил 43,85 насто.

XS
SM
MD
LG