Достапни линкови

Времето денеска: облачно со повремен дожд


Во Македонија под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе преовладува облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, (над 30 л/м2) особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 13 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет а ќе бидат и поројни, проследени и со грмежи. Температурата ќе се движи од осум до 17 степени.

XS
SM
MD
LG