Достапни линкови

Партијата на популистот Бабиш победи во Чешка


Архивска фотографија-претседателот на АНО Андреј Бабиш гласа на избирачко место во Прага, 20.20.2017

Центристичкото движење АНО на популистот Андреј Бабиш победи на парламентарните избори во Чешка со што се овозможува милијардерот да стане иден премиер. Според резултатите, АНО овои 29,6 отсто од гласовите, што е околу три пати повеќе од која било друга од деветте партии што влегоа во парламентот. Со ваквите резултати АНО ќе има 78 места во парламентот во кој работат 200 пратеници. 63-годишниот Бабиш е втор по богатство во Чешка, а поседува и медиумска компанија која има два весника и радио станица. Тој имаше антиевропска платформа. Ветува дека нема да ја изнесе земјата од Европската унија, но нема и да го донесе и еврото во Чешка. Бабиш беше поврзан со неколку скандали вклучитечно и за злоупотреба на субвенции од Европската унија.

XS
SM
MD
LG