Достапни линкови

Абе води на изборите во Јапонија


Архивска фотографија-премиерот на Јапонија Шинзо Абе

Владејачката коалиција на јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе добие најголема поддршка од гласачите на парламентарните избори во Јапонија што се одржуваат денеска, покажуваат резултатите од излезните анкети. Според проекциите на резултатите што ги објавија јапонските медиуми кратко време по затворањето на избирачките места, владејачката коалиција ќе добие 311 места во долниот дом на парламентот кој има 465 пратенички места. Абе пред три недели го распушти долниот дом на парламентот очекувајќи дека неговата Либерално демократска партија во овој момент ќе освои најдобар резултат. Абе е на власт во земјата од 2012 година. Јапонија е трета по ред најголема светска економија и најголем сојузник на САД во Азија.

XS
SM
MD
LG