Достапни линкови

На границата со Грција откриени 13 илегални мигранти од Ирак


Илустрација

Полицајци и цариници синоќа на граничниот премин „Богородица“ кон Грција откриле илегални мигранти од Ирак, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

“Полициски службеници во содејство со царински службеници, при контрола на товарно возило „Рено“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.А. (45) од Република Грција, откриле група од 13 илегални мигранти од Ирак. Мигрантите биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел од приколката, веднаш зад кабината од возилото” се наведува во соопштението од МВР.

Во него пишува и дека регионалниот центар за гранични работи Југ при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Скопје, поднело кривична пријава против С.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

XS
SM
MD
LG