Достапни линкови

Пучдемон-регионот нема да го прифати планот на Мадрид


Каталонскиот претседател Карлес Пучдемон

Каталонскиот претседател Карлес Пучдемон рече дека регионот нема да го прифати планот на Мадрид за директна власт. Тој го опиша ова како најлош напад врз каталонските институции по диктатурата на генералот Франко од 1939 до 1975 година. Планот на шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој го обелодени вчера, вклучува и смена на каталонските лидери и ограничување на регионалниот парламент.

За него Пучдемон рече дека ќе свика седница на каталонскиот парламент на која ќе се дебатира за одговорот на планот на Рахој.Во своето обраќање на англиски јазик Пучдемон рече дека во Каталонија се доведени европските вредности во ризик.

По обелоденувањето на планот на владата во Мадрид, вчера во Барселона се собраа околу 450 000 луѓе извикувајќи слобода и независност. Шпанската влада се одлучи на ваков чекор за да ги блокира напорите на каталонските власти да прогласат независност по референдумот во Каталонија кој се одржа на 1 октомври.

XS
SM
MD
LG