Достапни линкови

Тилерсон пристигна во Саудиска Арабија


Ријад-американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пристигна во базата Кралот Салман, 21.10.2017

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пристигна во Ријад да присуствува на состанокот меѓу претставниците на Саудиска Арабија и Ирак. Ова е почеток на неговата шест дневна тура во чии рамки ќе ги посети и Катар, Пакистан и Индија. Тилерсон вчера слета во базата Кралот Салман и потоа го одржа единствениот состанок дента со саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Јубеир. Денеска тој треба да присуствува на инаугуративната сесија на саудиско-ирачкиот координативен совет меѓу Ријад и Багдад формиран за да ги подобри односите меѓу двете земји. Муслиманите сунити кои ја водат Саудиска Арабија се клучни американски сојузници во регионот.

XS
SM
MD
LG