Достапни линкови

Косово бира 38 градоначалници


Илустрација-гласање на избори во Косово

Денеска на Косово се одржуваат седмите по ред локални избори,по војната,на кои право на глас имаат 1.890.952 гласачи. Се гласа на 2.505 избрачки места, кои ќе бидат отворени во седум, а затворени во 19 часот. Во трката за 38 градоначалнички места се 204 кандидати додека за членови на Собранијата на општините 6.887 кандидати.

На изборите учествуваат 91 политички субјект,од нив, една коалиција, 35 политички партии, 30 граѓански иницијативи и 25 независни кандидати.

“Како и претходните избори, и овие ќе ги набљудуваат домашни и меѓународни набљудувачи, вклучувајќи ги и оние на ЕУ, како и странски дипломатски претставништва. Централната изборна комисија акредитираше 33.200 набљудувачи. Секако тука и претстваниците на политичките партии” потврди Валмир Елези, портпарол на Централната изборна комисија.

Во обезбедувањето на изборниот процес,од безбедносен аспект ангажирана е косовската полиција. Само во северниот дел на Косово ќе бидат ангажирани повеќе од 400 прпадници на полицијата.

XS
SM
MD
LG