Достапни линкови

Пет поранешни претседатели на САД заедно на хуманитарен концерт за жртвите од ураганите


Архивска фотографија-последен пат сите заедно се појавија која претседател беше Барак Обама

Пет поранешни американски претседатели се појавија заедно на концертот за собирање помош за жртвите од ураганите во Тексас, Флорида, Порто Рико и американските Девствени острови. Демократите Барак Обама, Бил Клинтон и Џими Картер и републиканците Џорџ Буш постариот и Џорџ Буш помладиот застанаа на бината во Тексас. Ова е првпат сите пет да се појават заедно од 2013 година кога Обама беше претседател.
93 годишниот Буш кој е има паркинсонова болест се појави во количка. Актуелниот претседател Доналд Трамп се обрати преку видео порака нарекувајќи ги поранешните претседатели некои од најдобрите американски јавни службеници. Трамп порано често ги критикуваше поранешните американски претседатели.

XS
SM
MD
LG