Достапни линкови

Рускиот опозициски лидер Навални излезе од затворот во Москва


Архивска фотографија- рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска е пуштен од затворот во Москва откако таму беше 20 дена поради организирање несакнционирани протести против претседателот на Русија Владимир Путин.

Навални на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм напиша дека изглегол и објави фотографија на улица. Тој се очекува да се натпреварува на руските претседателски избори во март 2018 година. Навални речедека е спремен да работи и додаде дека подоцна ќе се обрати во јужниот град Астракан.

41 годишниот Навални кој води активна кампања пред изборите има сериозна база меѓу младите гласачи. Како и да е, Централната изборна комисија во јуни соопшти дека тој не може да се натпреварува поради обвиненија за финансиски криминал за кои Навални смета дека се политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG