Достапни линкови

Авганистан-15 кадети загинаа во бомбашки напад


Илустрација- контролна точка во близина на универзитетот каде што се случи нападот

Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека во самоубиствен бомбашки напад загинале најмалку 15 авганистански кадети додека го напушателе центарот за обука во Кабул. Нападот се случил денеска доцна попладне. Четворица други се повредени во екслозијата во близина на универзитетот Маршак Фахим, соопштија од министерството. Од таму додаваат дека повеле истрага за нападот кој се случил во западниот дел од градот. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG