Достапни линкови

Египет- 52 полицајци убиени во судир со исламски милитанти


Илустрација-припадник на египетските безбедносни сили

Најмалку 52 египетски полицајци се убиени, а шест други се повредени во рацијата во скривалиште на исламски милитанти спроведена на 20 октомври, соопштија безбедносните власти. Во соопштението на министерството за внатрешни работи се наведува дека и некои терористи загинале без да се наведе конкретно за колкава бројка се работи.Од таму соопштуваат и дека се очекува да расте бројот на загинати и повредени полицајци. Безбедносни извори велат дека конвојот кој тргнал кон засолништето на екстремистичката група Хасм бил пресретнат од милитанти по што почнала престрелката. Подоцна Хасм ја презеде одговорноста за нападот. Тие преземаа повеќе напади од 2016 досега во Египет врз полицијата, судиите и други претставници на власта.

XS
SM
MD
LG