Достапни линкови

Шпанија ја суспендира каталонската влада


Архивска фотографија- премиерот на Шпанија Мариано Рахој

Шпанскиот премиер Мариано Рахој денеска побара ограничување на овластувањата на парламентот во Каталонија, отпуштање на регионалната влада и избори во тој регион во следните шест месеци во обид да ги запре каталонските лидери да прогласат независност.

Рахој предложи власта од каталонските претставници да ја преземат министрите од централната влада. Неговата влада го активира и членот 155 кој дозволува националната влада да воспостави директна контрола врз полуавтономниот регион ако тој не ги исполнува обврските кон државата. Овој член никогаш не бил активиран во демократска Шпанија. За мерките ќе се гласа во сенатот на 27октомври.

Потегот на Рахој значи блокирање на движењето за независност во Шпанија по референдумот за независност кој се одржа на 1 октомври.

XS
SM
MD
LG