Достапни линкови

САД очекуваат фер и демократски локални избори во Косовo


Илустрација-гласање на избори во Косово

Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави изјави дека очекува локланите избори во Косово, што ќе се одржат в недела, да минат во фер и демократска атмосфера. Тој нагласи дека е вознемирен поради притисоците во северниот дел на земјата и додаде дека би сакал да види многу поголема конкуренција меѓу кандидатите од малцинските етнички заедници во Косово.

Делави се задржа и на прашањето околу формирањето на Заедницата на српски општини, за која рече дека произлегува од „пакетот на Ахтисари“ и оти силно го подржува нејзиното создавање, како и трансформацијата на Безбедносните сили на Косово во косовска армија.

"Светот се менува и Косово треба да се менува со него. Косово треба да превземе значајни чекори во правец на владеење на правото, економскиот развој и регионалната безбедност", порача американскиот амбасадор.

XS
SM
MD
LG