Достапни линкови

Приведен осомничениот за нападот со нож во Минхен


Минхен-германски полицајци во близина на местото на нападот, 21.10.2017

Осомничениот напаѓач со нож, кој денеска во јужниот германски град Минхен повреди четири лица, а се обиде да нападне уште двајца други е приведен, соопшти германската полиција. Од таму велат дека се уште работат на тоа да утврдат дали тој навистина е напаѓачот. Полицијата претходно побара од граѓаните да останат дома. Напаѓачот е опишан како 40 годишен маж кој дејствувал сам. Мотивот за нападот се уште не се знае.

XS
SM
MD
LG